Милошоски посочува дека МВР треба да го гони Дрин Ахмети за дело со кое се оди се предвидува затворска казна
Пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ смета дека Дрин Ахмети, внук на Али Ахмети треба да одговара за кривичното дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распскувачки материи. Тој посочи дека доколку министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, не го нареди спротивното, тоа е делото за кое треба да се поднесе пријава.
„Доколку Спасовски не нареди полицаецот што го уапсил Дрин Ахмети (ДУИ) сам да се “удри во пајакот”, тогаш ова е членот од Кривичниот законик што треба да се примени“, посочува Милошоски во статусот на „Фејсбук“.
Според членот на кој се повикува Милошоски, уапсениот Ахмети ќе треба да биде казнет со затвор од три до десет години доколку биде гонет и прогласен за виновен.
Пред неколку години, полицајка од МВР во обид да крене возило со пајак-служба, се здоби со повреди. Возилото беше на функционер на ДУИ. Кога требаше да образложи што се случило, таа беше на средба со Спасовски, па посочи дека се удрила од вратата на возилото. Беа побарани снимките од безбедносните камери, но тие никогаш не беа споделени со јавноста, иако истрагата беше затворена.
„Скопје1“ објави дека Дрин Ахмети беше уапсен, а споделивме и снимка од него, како и претресот во неговиот автомобил. Побаравме и одговори, зошто со него носел голема количина на пиротехнички средства, но нема одговор.
Со став излезе само МВР.