Магазин

Нова година, традиција и обичаи

Традициите и обичаите за прославата на Новата година се разликуваат од држава до држава, основните вредности и симболиката за прослава на Новата година начелно се многу слични:

Донесување на животни одлуки – новогодишни резолуции

Испраќањето на старата и влезот во новата година е време на донесување на одлуки кои најчесто се одликуваат со позитивно размислување и со среќа, на пример почеток на диета или вежбање, прекинување со пушењето на цигари итн., во надеж дека со донесените одлуки животот ќе биде среќен, поубав, порадосен од што бил во изминатата година.

Во новогодишната ноќ вообичаено е да се наздрави, при што се изразуваат желби за многу среќа, благосостојба, здравје, љубов и др. во новата година.

 Новогодишно празноверие

Во многу држави обичаите за Нова година т.е. во тие традиции се вклучува во новогодишната ноќ да се служи храна и јадења во округла форма, а причина за тоа е дека округлата форма на храната и јадењето симболизира циклуси. Исто така, се смета дека зависно од расположението и настаните во текот на првиот ден на Новата година зависи и идниот тек на годината што почнува.

Понатаму, во некои земји постои верување дека во текот на прославата на новата година не се препорачува да се изнесува сметот, ниту било што друго од местото на престојување до доаѓањето на Новата година. Плаќање на сметки, кршење и уништување на предмети исто така не е пожелно.

Нова година, традиции, обичаи и нивната улога и значење

Традицијата на обичаите за прослава за Новата година се разликуваат од држава до држава, од народ до народ. Зависно од историските факти и културните вредности на некои нации, истите всушност ги пресликуваат старите верувања на на народот во подобро утре и посветла иднина.

Од древните Вавилонци, источните цивилизации до денешното Западно општество, алегоричноста за прославата на Новата година, т.е. традициите и обичаите за прославата на Новата година останале речиси непроменети, што зборува за силата и вербата на човештвото во подобра и посреќна иднина.

На почеток