Свет

(Видео) Јапонија ја погоди разорен земјотрес од 7,6 степени: се нишаат автомобили и покриви, домови се уништени

(Видео) Први снимки од земјотресот во Јапонија: се нишаат автомобили и покриви, продавниците уништени

Силен земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала ја погоди Јапонија околу 08:20 часот по локално време.

Издадено е предупредување за цунами, а се чекаат информации за штети и потенцијални жртви.

Бандерите и возилата се нишаат како на бранови.

На разорниот земјотрес му претходеше земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала.

Епицентарот на двата земјотреси бил недалеку од Анамизу.

Цунами од пет метри височина се очекува да го погоди брегот на островот Ното.

Како што соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, најсилниот земјотрес со јачина од 7,6 степени бил на длабочина од 13 километри, а епицентарот бил на 90 километри северно од Такаока и 47 километри североисточно од Анамитсу.

Третиот земјотрес со јачина од 6,1 степен бил на длабочина од 10 километри, јавува Кјодо.

На почеток