Свет

(Видео) Насилен дочек на Нова година во Германија: над 300 приведени, повредени полицајци

(Видео) Хаос на новогодишната ноќ во Германија, полицајци нападнати со петарди и огномети, стотици се уапсени

За време на новогодишната ноќ, во Германија загина едно лице, десетици се со повреди, а меѓу нив и полицајци. Според тамошните медиуми, загинало момче како последица на експлозија од петарда. Реанимацијата од докторите била неуспешна.

Полицајците се повредени при интервенции во Берлин, каде биле нападнати со запалени огномети. Околу 300 лица, завршиле зад решетки. Во германската престолнина имаше немири во берлинскиот кварт Нојкелн, каде мнозинството од населението е по потекло од Блискиот Исток. Кулминацијата на насилството и судирите со полицијата се случи на Александерплац.

Повреди имаат и станари, кон чии домови биле насочени запалените пиротехнички средства

На почеток