Македонија

(Видео) Хит изјавата од доктор Наумоски е порака до здравствените власти: „Пари повеќе да ни дадете“

Со шега, „пари повеќе да ни дадете“, доктор Кирил Наумоски од Клиниката за токсикологија испрати порака до здравствените власти дека платите им се ниски, како и дека е неопходно покачување. Тој ова го кажа на почетокот од неговото обраќање кога ги соопштуваше бројките на истретирани лица кои пијани биле донесени на Клиниката.

„Не сум ни платен за ова“, рече на шега доктор Наумоски обраќајќи се до јавноста.

Минатата година, преку низа протести, здравствените работници бараа покачување на платите, бидејќи истите им беа на ниво на хигиеничари. Министерството за здравство имаше проблем да обезбеди средства од Министерството за финансии. Во октомври имаше договор за зголемување од 10 проценти, сепак, недоволно за да го задржи медицинскиот кадар во државава.

Јавното здравство стана неатрактивно за докторите и медицинарите токму поради условите и платите. Стариот Клинички центар „Мајка Тереза“ не се реновира, новиот не се гради. И ова трае со години. Платите пак, им се покачуваат минимално секојпат кога револтот ќе предизвика и протести.

На платите се пожалија и новинарите присутни на настанот.

На почеток