Македонија

Две апсења во Скопје, претресени 19 и 41-годишен скопјанец

Две апсења во Скопје во текот на изминатиот ден. Според полицискиот билтен, уапсените се од скопје, а тие биле претресени при рутински контроли и им нашле марихуана. Станува збор за два одделни случаи.

„Вчера во 22.00 часот на подрачјето на Аеродром полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ѓ.Г.(41) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Во 23.50 часот на подрачјето на Гази Баба полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.К.(19) од с.Идризово, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана“, велат од МВР.

По целосно документирање на случаите ќе следат соодветни поднесоци.

На почеток