Скопје

(Видео) И странците ни се чудат: Три години зјаат со исчкртаници и уништени натписи на спомениците, со „сипаници“ на мостот „Око“

Новата година донесе поголеми групи на туристи низ Скопје, но не и санација на таблите на мостот „Око“. Исчкртани, исфарбани, откорнати. Вака изгледаат скоро три години, а особено откако под девет споменици, меѓу кои и на Александар и Филип, беа ставени табли со образложение дека личностите кои ги претставуваат се дел од античката хеленска историја. Туристите се фотографираат, но не знаат кого претставуваат статуите на мостот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Скопје1 / Skopje1 (@skopje1mk)

Овој чекор предизвика револт кај граѓаните кои бараа да се вратат старите натписи, посочувајќи дека нема да дозволат кражба на историјата. Не наидоа на разбирање од страна на државата, па решија да ги уништат новите натписи. И тие останаа во ваква состојба.

Оттогаш до сега, никој не води сметка за нивна поправка или целосно отстранување. Секоја година се даваат илјадници евра за одржување на фонтани и спомен обележја. Најголем дел од нив се под ингеренции на Град Скопје.

„Спомениците изгледаат како да имаат сипаници“, коментираат граѓаните, на кои не им се допаѓа тоа што спомениците не се одржуваат.

Спомениците пак, кои се прогласени за културно наследство, а во кои се вбројуваат и голем дел од „Скопје 2014“, се под надлежност на Министерството за култура или Конзерваторскиот центар на Град Скопје.

На почеток