Скопје

Се испокараа Јакимовски и Левица: Тврдењата се смешни и лажни

Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски предупреди дека со блокирањето на Буџетот, директно се загрозува локалната власт и покажа со прст кон Левица, кои пак му му вратија и кажаа дека е лажго. Според Јакимовски, буџетот треба да се изгласа таков каков што е, а Левица велат дека доставиле предлози кои се за граѓаните.

Градоначалникот наведе дека освен што е во опасност реализирањето на сите програми на општината, во сериозна неизвеност се доведени и исплатата на платите, па дури и работните места на вработените во градинките, училиштата, во општинската администрација и на привремено вработените.

„Мислам дека ги претераа сите можни граници на едно нормално, па дури да кажам и ненормално функционирање на политиката. Партиите кои се најодговорни за оваа работа сносат одговорност. Јас не можам да се изначудам на колегите од Левица кои за претседател имаат универзитетски професор по право да прибегнуваат кон вакви политички одлуки кои го суспендираат правото. Во тој дел, мислам дека најголема е нивната одговорност“, нагласи Јакимовски.

На ова вратија од Левица.

„Тврдењата на Јакимовски се лажни и смешни и со искажаните индиректни закани нема да ја одврати советничката група на Левица во борбата против урбанистичката мафија и сите штетни активности на Градоначалникот и неговите соработници. Левица најостро ги осуди и ги осудува амандманите поднесени од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција. Истите тие ниту се констурктивни ниту се од интерес на Карпошани. Со поднесувањето на овие амандмани очигледна е желбата и побудата кај Мицкоски и советничката група на ДПМНЕ за реванширање кон Јакимовски за нивната пропадната љубовна врска. Затоа апелираме уште еднаш, љубовните рани Јакимовски и Мицкоски да ги решаваат надвор од Општина Карпош бидејќи истата не е во нивна сопственост иако изминатите години се однесуваа како тоа да е така, па со низа штетни одлуки трајно го девалвираа квалитетот на животот во Општина Карпош“, велат од Левица.

На почеток