Македонија

(Видео-репортажа) „Ова е голгота“: по шест часа чекање за да земат документ – редици, гужви, турканици во МРТВ

Фото: Боемот 2.0

„Тотално неорганизирани, дури и по 6 часа чекање немаше абер за да извадам документи. Страшно!“, вака Никола Николовски на каналот „Боемот 2.0“ го опиша чекањето при подигање на документи од МРТВ.

„Ги повикувам и владините функционери кои нѐ убедуваат дека сѐ е добро во државава да дојдат и самите да си чекаат за промена на пасош, лична карта и возачка!“, напиша тој.

Заклучени врати и стотина граѓани пред нив – ваква е сликата кај полициската станица „Пролет“, каде во долги колони и денеска се чекаше за да се поднесат документи за издавање на пасоши, лични карти, возачки дозволи. Редицата на граѓани се протега долж улицата, а вратата од пунктот е заклучена. Граѓаните биле известени од службеник на МВР дека втора смена за издавање документи – нема да има.

На почеток