Македонија

Беким Незири се пријавил во полиција за пуштањето на тепачи во М-НАВ, се врши разговор по налог на обвинител

Беким Незири се пријавил во полициска станица за нападот врз вработени во М-НАВ, потврдуваат од МВР за „Скопје1“. Јавен обвинител дал налог со него да се изврши службен разговор. Ова доаѓа откако од вчера, тој беше недостапен за полицијата,

„Во врска со вчерашниот напад врз вработени во МНАВ, во полициска станица по налог на ОЈО се врши службен разговор со Б.Н.“, велат од МВР.

Полицијата трагаше и по три други лица, вмешани во насилството кое вчера се случи во зградата која ги контролира летовите во Македонија.

Подигнати се и снимки од видео надзорот на М-НАВ од кои треба да се утвди како Незири ги пропуштил лицата кои тепаа контролори на летови, но и кои безбедносни проверки не биле направени од страна на приватната фирма која го обезбедува објектот. Поради овие пропусти, но и вчерашниот инцидент, од денеска и МВР ја обезбедува зградата.

„Скопје1“ го контактираше Незири на телефонскиот број кој долги години го користеше, но наместо тој, друго лице одговори на повикот. Кажа дека бројот повеќе не е на Незири, а кога побаравме да ни го даде неговиот, рече: „Барајте го од друго место“.

Премиерот Димитар Ковачевски најави разрешување на тројцата директори во М-НАВ од редовите на ДУИ. Тоа разрешување ќе се случи во вторник на редовна владина аседница, доколку, тие денеска не поднесат сами оставки. Состојбите во М-НАВ ескалираа поради објавени огласи, за кои Синдикатот на контролори на летање посочи дека е наместен за кадри нестручни за тие позиции.

Претходно:

Од министер до директор и пропуштач на тепачи во М-НАВ: кој е Беким Незири кој пушти тепачи во кулата за летање

На почеток