Коментари

Георгиевски за бадникарските огнови: Палењето е примитивно, паганизам и негација на македонскиот идентитет

Љубчо Георгиевски, претседател на ВМРО-Народна партија, во пресрет на палењето бадникарски огнови, посочи дека тоа е примитивна појава и самоубиство од сапект на здравје. Според него, граѓаните кои го прават тоа, прават паганство.

„Палењнето огнови во градот Скопје во име на на некаква христијанска македонска традиција е: Крајно примитивна појава за еден град кој сака да биде урбан центар во Европа. Самоубиствено од аспект на загаденоста и општото здравје. Никаква христијанска традиција туку чист паганизам. Никаква македонска традиција туку српска трдиција увезена со српската слава.Оваа е директна негација на македонскиот идентитет. Ваков примитивизам не постои во Битола,Прилеп,Струмица,Штип,Велес,Кавадарци и да не редам“, напиша тој.

Посочува и дека Македонската првославна црква години со ред се оградува од ваквиот начин на чекајне на Бадник.

На почеток