Коментари

„Зошто нема притвор за учките-силеџии кои нападнаа котролори на летање?“, прашува Апасиев кој бара гонење за дело со затвор од минимум пет години

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев смета дека претседателот на огранокот на ДУИ во Чаир, Беким Незири и лицата кои ги прошуштил да влезат во контролната кула на авиосообраќајот, треба да одговараат за загрозување на сообраќајот на воздушниот простор. Според него, треба да има и притвори за сите седум лица кои упаднале.

„Зошто нема притвор за учките-силеџии кои нападнаа контролори на летање на Меѓународниот аеродром Скопје?“, прашува Апасиев.

Според него, исполнето е битието на делото (условите за гонење) по членот кој го посочува.

„Тој што ќе изврши дело со кое ја загрозува или може да ја загрози безбедноста на аеродром за меѓународeн воздушен сообраќај со користење на уред, материја или оружје, незаконски и со намера да изврши дело на насилство против лице на аеродром за меѓународен воздушен сообраќај со кое предизвикува или може да предизвика тешка повреда или смрт, или да уништи или оштети уреди, објекти или воздухоплов кој не е во сообраќај, а е лоциран на аеродром за меѓународен воздушен сообраќај или ги попречува услугите на аеродром за меѓународен воздушен сообраќај, ќе се казни со затвор од најмалку пет години“, стои во членот 303 став 2.

Обвинителството утрово соопшти дека чека кривична пријава од МВР по која ќе постапува. МВР пак, попладнево, објави дека Беким Незири се јавил во полициска станица, дека распитот е во тек, а пак, истиот се спроведува по насоки на Обвинителство. Дали Кривичната пријава ќе биде по овој член, како и дали обвинителот ќе ги гони лицата по овој член – не е познато.

На почеток