Коментари

Денес цело Скопје гори, српската окупација ни ја донесе оваа традиција, обвини Георгиевски

Љубчо Георгиевски, претседател на ВМРО-Народна партија смета дека вчерашните бадникови огнови го девалвираат Скопје. Тој смета дека традицијата е по српската окупација.

„Пред трисет години само во Мичурин се палеше оган дури и се секавам кога прв пат почнаа со огнот.Денес цело Скопје гори.Го девалвираме Скопје како главен град.Се девалвираме како урбана средина,како народ. Србската окупација ни ја донесе оваа традиција. Само што Белград не гори отидоа напред. А ние уште сме таму каде не оставија!“, напиша Георгиевски.

Тој и вчера обвини дека палењето огнови е паганизам.

Георгиевски за бадникарските огнови: Палењето е примитивно, паганизам и негација на македонскиот идентитет

Во Скопје пак, вчера се палеше и мебел.

На почеток