(Видео) Деца го преплавија Охрид пеејќи ја „Вечниот Бог“

Од
Објавено на

Илјада деца веќе најавија учество на годинешната бадникова поворка низ улиците на Охрид, што традиционално се одржува на Бадник, ден пред Божик.
Оваа година, познатите македонски артисти Ѓоко Танески и Пајак беа на чело на поворката. Градскиот плоштад беше преплавен од деца, кои со своите родители шетаа низ градот пеејќи ја возобновената христијанска песна Вечниот Бог.
Бадниковата поворка во Охрид која се одржува 11 година по ред е во организација на Здружението за грижа и воспитување деца од Охрид и е поддржана од локалната самоуправа.
