Магазин

Боки 13 по пет години, дома го прослави Божик: Ова е мојот најверен пријател Сречко кој ме чекаше да се вратам

Бојан Јовановски-Боки 13, честиташе Божик со фотографија од него и неговиот миленик. Тој го опиша миленикот како најверен пријател, кој го чекал да се врати. Боки 13 по скоро пет години, за првпат Божиќ го слави дома.

„Мир Божји, Христос се роди. Ова е мојот најверен пријател Сречко кој ме чекаше да се вратам и кога ме дочека на прагот на нашата врата најсилно лаеше, викаше, виеше, пееше… Кој не доживеал оваква љубов, не знае што е љубов“, напиша Боки 13.

Тој додава: „Нека овој Божиќ ни донесе пред се здравје, спокој, вистински пријателства и радости! За многу години денот“.

На почеток