Магазин

Денеска е Василица: Овие обичаи се врзуваат за големиот празник

Денеска е големиот празник Василица за кој се врзуваат неколку народни обичаи.

Голем број македонски семејства Василица ја празнуваат како домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј Велики го слават својот именден.

На Василица верниците кои се водат по овој календар кршат и пита со паричка и исто така се верува дека на оној кој ќе му се падне паричка ќе биде среќен во текот на целата година.

Старата година се испраќа и со палење василичарски огнови, кои се симбол на божествената светлина што, според народное верување, ги прогонуваат лошите сили. Сепак како и на секој празник не заборавајте да појдете во црква, да запалите свеќа и да му се помолите на Бог за вас и вашите најблиски.

Инаку, Свети Василиј Велики е еден од тројцата најголеми црковни учители од четвртиот век. Родум бил од Кападокија, а завршил школо во Атина.

Тој бил голем христијански филозоф, а се прославил и како епископ и заштитник на чистотата на православното учење. Свети Василиј Велики се упокоил на 14 јануари во 379 година.

Некогаш девојките овој ден го користеле за гатање за да дознаат за кого ќе се омажат. Некогаш домаќинките земале снег и фрлале малку кон децата дома за да бидат здрави.

Се гледа и времето, ако падне снег или биде облачно, годината ќе биде плодна.

Сувото време носи суша.

На почеток