Најчевска: Нема основа за разрешување на директорите на М-НАВ, туку за нивно апсење
По огромниот скандал и упадот во М-НАВ, заканите и физичката пресметка, како и по одбранбениот став за нивни членови меѓу кои и екс министерот Незири, на социјалните мрежи се огласи професорката Мирјана Најчевска.
„Се согласувам. Нема основа за разрешување на директорите на М-нав.Има основа за апсење на директорите на М-нав, целокупното раководство на ДУИ,сите министри, директори, судии, јавни обвинители и раководен кадар во полиција поставени од ДУИ. Како за почеток“ напиша Најчевска.
Владата најави разрешување на сите членови на раководството и отворање на процедура за избор на нови. Ова треба да се случи на денешната седница.
Доколку Владата подлегне на притисоците од коалициската ДУИ и не го смени раководството на М-НАВ, од 10 јануари контролорите на летање ќе штрајкуваат на неопределено време и ќе го затворат небото над Македонија заради безбедноста на патниците, потврди претседателот на Синдикатот на контролори на летање, Александар Тасевски.
Обвинителството побара притвор за четворицата уапсени напаѓачи, но истражниот судиите Пајазит Пајазити и Сандра Крстиќ одредија само мерки на претпазливост тврдејќи дека обвинителството не приложило доволно докази дека постои закана за загрозување на воздушниот сообраќај.