Коментари

Во М-НАВ важи посебен протокол за влез, а тие се шетале како низ дома и тепале – тонеме во сѐ подлабока дука, алармира заменикот народен правобранител

Упадот во М-НАВ и неодредувањето на притвор од страна на судиите Пајазит Пајазити и Сандра Крстиќ за осомничените, ја разбранува јавноста. За влез во зградата на контролата на летање, важат строги правила, сведочи и заменикот народен правобранител, Јован Андоновски. Тој посочува дека за тоа треба посебни одобренија, а пак, Беким Незири до ДУИ кој е вработен таму, овозможил со напаѓачите да се шетаат во зградата како низ дома.

„Не сакав да пишувам деновиве на големите празници Бадник и Божик, но неизбежно е да се каже дека тонеме во се’ подлабока дупка. М-НАВ – бев на една обука и беше зафат да се влезе и движи низ просториите. Со претходна најава, одобренија, придружба при движење итн.

Посебен протокол за влез, особено во работните простории. Ајде што влегле и се шетале како низ дома, туку и тепале службени лица. Скандал од невидени размери. Да биде циркузот уште поголем, Кривичен за вакво дело немал доволно докази за да одреди мерка притвор.

На вработените во М-НАВ им стојам на располагање во рамки на нашите надлежности да им помогнам“, напиша Јован Андоновски.

Претходно, со став се јави и професорката Мирјана Најчевска.

„Се согласувам. Нема основа за разрешување на директорите на М-НАВ. Има основа за апсење на директорите на М-нав, целокупното раководство на ДУИ,сите министри, директори, судии, јавни обвинители и раководен кадар во полиција поставени од ДУИ. Како за почеток“, напиша Најчевска.

Владата најави разрешување на сите членови на раководството и отворање на процедура за избор на нови. Ова треба да се случи на денешната седница.

Доколку Владата подлегне на притисоците од коалициската ДУИ и не го смени раководството на М-НАВ, од 10 јануари контролорите на летање ќе штрајкуваат на неопределено време и ќе го затворат небото над Македонија заради безбедноста на патниците, потврди претседателот на Синдикатот на контролори на летање, Александар Тасевски.

Обвинителството побара притвор за четворицата уапсени напаѓачи, но истражниот судиите Пајазит Пајазити и Сандра Крстиќ одредија само мерки на претпазливост тврдејќи дека обвинителството не приложило доволно докази дека постои закана за загрозување на воздушниот сообраќај.

На почеток