Тргнал на пат, заврши во притвор: полицајци го застанале, па уапсиле
![Avatar](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2021/09/xd-80x80.jpg)
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2021/08/DSC_0289.jpg)
На 05.01.2025 околу 22 часот полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес ги лишиле од слобода А.И.(30), С.К.(26), двајцата од Велес и Б.С.(28) од Кавадарци.
Имено, на наплатна станица „Сопот“,, при контрола на патничко возило „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, управувано од И.А., а сопатници биле С.К. и Б.С., кај С.К. бил пронајден и одземен хероин.
С.К бил задржан во полициска станица и известен бил јавен обвинител. По документирање на настанот, против С.К. е поднесена кривична пријава за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, казниво по член 215 од КЗ, и по наредба од Основен суд Велес, на 06.01.2024, тој бил спроведен во Казнено поправна установа Затвор Скопје-Скопје за издржување на изречена мерка притвор во траење од 30 дена.
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2022/01/2222.png)