Коментари

Ретки се ваквите талентирани правници, вели адвокатот Димоски за кривичарот Калајџиев по коментарот за М-НАВ

Поранешниот обвинител, актуелен адвокат, Воислав Димоски, упати критика кон професорот по кривично право, Гордан Калајџиев. Според Димоски, професорот прави креации, бидејќи умисла не може да се утврди прецизно во штотуку отворена истрага. Ова би значело

„Ретки се ваквите талентирани правници што во фаза на штотуку отворена истрага (во постапка по предлог за притвор!) можат прецизно да ја утврдат умислата на осомничените. Којзнае какви креации ќе направи професоров на полето на кривичното процесно право кое му е специјалност, кога е оволку инвентивен на теренот на материјалното право кое не му е фах“, напиша Димоски.

Професорот по кривично право, Гордан Калајџиев смета дека е погрешна квалификацијата „загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај“ за која се сомничи Беким Незири и тепачите кои влегоа во М-НАВ. Ваквиот негов став пак, беше непопуларен за јавноста и наиде на низа критики во неговата јавна објава. Неговите следачи изразуваат разочарување поради ставот кој го има.

„Намерата на тепачите била насочена кон “обично” насилство, кое се разбира е во познатиот контекст на заробена држава многу сериозно, но судот според мене бил во право дека насилството не било насочено кон загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај“, напиша Калајџиев.

Упадот во М-НАВ за професорот Калајџиев е „обично“ насилство, ставот наиде на критики и лавина реакции

На почеток