Упадот во М-НАВ за професорот Калајџиев е „обично“ насилство, ставот наиде на критики и лавина реакции


Професорот по кривично право, Гордан Калајџиев смета дека е погрешна квалификацијата „загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај“ за која се сомничи Беким Незири и тепачите кои влегоа во М-НАВ. Ваквиот негов став пак, беше непопуларен за јавноста и наиде на низа критики во неговата јавна објава. Неговите следачи изразуваат разочарување поради ставот кој го има.
„Намерата на тепачите била насочена кон “обично” насилство, кое се разбира е во познатиот контекст на заробена држава многу сериозно, но судот според мене бил во право дека насилството не било насочено кон загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај“, напиша Калајџиев.
Лавина негативни реакции има под објавата на професорот Гордан Калајџиев. Дел од нив и иронични, а од лица кои сметаат дека професорот грешки кога кажува дека со упадот не бил загрозен воздушниот сообраќај.
„Професоре, сте ја утнале терапијата“, напишал негов следач, на што Калајџиев враќа: „Глеј си работа“.
Други негови следачи правеа и споредби.
Потоа, професорот Кајајџиев напиша и нова објава:
„Леле мајко, сите се паметни и од се’ се разбираат! Мојата положба на професор по право е право но и должност некои работи да пробам да ги појаснам на јавноста или колку може да ги оправам. Не мора секогаш да сум во право. Не мора секој да се сложи, ама навреди и продавање пуфки”.
