Коментари

Сведоштво за таткото-монструм од Кичево: За убиеното 2-годишно девојче крив е системот

Кичевчанецот Семир Вејсел сведочи дека таткото кој ја уби својата двеипол годишна ќерка, во два наврати имал обид да го ограби, а успеал да украде мотор вреден околу 2500 евра. Тој за „Скопје1“ посочува дека Обвинителството покренало постапка, но таа, до април минатата година, не добила ниту првостепена пресуда. На социјалните мрежи пак посочува дека системот е крив за убиеното девојче.

„Ако некој праша зошто еве ви одговор: бидејќи го знам убиецот и како таков одамна требаше да биде процесуиран сега е за жал касно. Тој е човек кој кај мене влезе да краде. Па бидејќи полицијата неможеше да го пронајде бев приморан јас да го барам и за среќа го пронајдов. Потоа излеговме на суд, замислете обвинителството ми рече дека нема што да правиме бидејќи до сега има 30 кражби, на тоа јас одговорив за да биде осуден дали треба да има 300 кражби? Па на тоа не добив одговор, за потоа пак да ми влезе да краде и го фатив на лице место па мораше да го тепам додека не се из**ча, за жал не го утепав. Ете драги мои човекот после 30 40 кражби не беше процесуиран па дојдовме до ситуација да убие две годишно девојче. За жал сега е касно“, пишува Вејсел.

Настанот се случил пред две ипол години. Кражбата била во фарма која ја имал Вејсел во Кичево.

Според Вејсел, тоа е истото лице кое до смрт го претепа сопственото дете. За овој случај, Обвинителството извести дека бара притвор. Две годишното девојче над 20 дена се бореше за живот.

„Осомничениот 29-годишник, на 18 декември, при вршење семејно насилство, ја лишил од живот сопствената ќерка родена 2022 година. Тој и нанел повеќе удари со раце и нозе, предизвикувајќи и тешки телесни повреди – скршена коска на черепот, крварење во мозокот и скршеници на две ребра. Од здобиените повреди детето починало на 8 јануари, во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје“, велат од Обвинителство.

На почеток