Македонија

Судот е независен во постапувањето, велат од Судски совет по реакциите за притворите за упадот во М-НАВ

Фото Телма ТВ

Наводите дека под диктат, Кривичен суд не одреди притвор за Беким Незири од ДУИ и тепачите од М-НАВ, се следат од Судски совет. Тие посочуваат дека судиите Пајазит Пајазити и Сандра Крстиќ кои одлучуваа за мерките, се независни во своето постапување.

„Во врска со последните реакции на јавноста за случајот М-НАВ Судскиот совет ја известува јавноста дека судовите се независни во своето постапување и одлучување, а Судскиот совет во рамките на своите законски надлежности ја следи работата на судовите“, велат од Судски совет.

Претходно, судот, наместо побараниот притвор, на осомничените им определи мерки на претпазливост.

Нема притвор за Беким Незири и тапачите кои упаднаа во контролата на летање на М-НАВ

На почеток