Македонија

Нема притвор за Беким Незири и тапачите кои упаднаа во контролата на летање на М-НАВ

Фото: Телма ТВ

Кривичен суд не одреди притвор на Беким Незири и трите лица кои упаднаа во зградата на контролата на летање во М-НАВ. На нив им се одредени алтернативни мерки – забрана за меѓусебна комуникација, одземање исправи, забрана за напуштање на престојувалиште.

„Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Јавниот обвинител за определување мерка притвор против 4 лица кои вечерва беа спроведни во судот, а осомничени за кривичното дело Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај од чл. 303 ст.2 вв со чл. 22 од КЗ, по произнесување на обвинителот и осомничените во однос на предлогот, донесе решенија со кои на сите четири лица им се опредлуваат мерки за претпазливост“, велат од Кривичен суд.

Тие додаваат: „На осомничените им се определува: Забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, Обврска за нивно јавување на определено службено лице во судот, Одземање на патната исправа односно забрана за нејзино издавање и Забрана за комуникација со оштетниот како и меѓусебна комуникација. Против овие решенија странките имаат право на жалба пред кривичниот совет на овој суд.

Се бара притвор за четворица кои упаднаа во М-НАВ и тепаа контролори

На почеток