Македонија

(Фото) Се накитиле со 248 грама злато за да го изнесат од Македонија – патници фатени на Табановце

Двајца патници се обиделе од Македонија да изнесат злато, а цариниците ги фатиле. тие златото го носеле на себе односно на врат како ланче.

„Запленети се 248 грама злато, со проценета вредност од околу 12 илјади евра што двајца сопатници во обид да го скријат планирале да го изнесат од државата без да го пријават кај царинските органи. Патниците кои патувале со патничко комбе на излез на Табановце од страна на Мобилен тим на Секторот за контрола и истраги се селектирани за детална контрола при што кај двајцата се пронајдени купчиња злато. Едниот од патниците околу вратот носел една црна врвка и еден ланец на кои биле прикачени два купа готов златен накит со тежина од 201,82 грама што биле смотани во креп трака. Другиот патник на вратот носел ланец на којшто имал прикачен куп од повеќе прстени со тежина од 46,48 грама“, велат од Царина.

Стоката е привремено одземена, а против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, при што против едниот од патниците ќе биде поднесена кривична пријава, а против другиот прекршочна.

На почеток