Македонија

За Меџити „позитивни промени“ се непотизмот со негативна селекција во здравството и нерешавање на случајот ОнкологијаЗа Меџити „позитивни промени“ се непотизмот со негативна селекција во здравството и нерешавање на случајот Онкологија, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

„Во секторот здравство никогаш не било полошо, а секојдневно пациентите и здравствените работници го чувствуваат на свој грб. Има враќање на здравството за децении наназад каде освен „ќе“ проекти за „ќе здравство“ има и низа скандали кои кабинетот на министерот за здравство Фатмир Меџити кој преку празни пиар флоскули напразно пробува да ги претстави како позитивни промени. Меџити, четвртиот министер за здравство во Владата на СДС и ДУИ е само континуитет и синоним за владеење со коруптивни скандали, вработувања по непотизам, и „ќе“ проекти кои оваа власт иако цели седум години буквално ги преспа, сега предизборно и манипулативно по најмалку десетици пати ги најавуваат со „ќе“. Кога веќе кабинетот на Меџити ги користи фразите „лаги и манипулации“, како и тоа дека воведувале „позитивни промени“ прво треба да се даде одговор на следните прашања од поглавјето „позитивни промени“ на Меџити“, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:

1. Дали се ангажирани сестрата и братот на сопругата на Меџити во кабинетот на министерот и дали за вакви „позитивни промени“ зборува истиот тој кабинет во празните реакции?
2. Дали и сопругата на министерот за правда, Лога кој доаѓа од истата партија како Меџити се вработува на Клиниката за стоматологија?
3. Дали кога кабинетот на Меџити раскажува приказни за позитивни промени во здравството мисли на немањето одговорност и непреземање мерки по случувањата во ГОБ „8 Септември“ каде загрозена е безбедноста на здравствените работници кои иако се зачестени, сепак ништо не е преземено од раководството кое нема мрднато со прст да ги заштити своите вработени?
4. Дали „позитивни промени“ според „врвни успеси и експертиза“ е и назначувањето на директор на Клиника за неврологија, па отворено е прашањето дали немаше друг доктор со искуство од Клиника, па мораше да се донесе директор од Тетово, без искуство на терциерно ниво на здравствена заштита?
5. Кога сме кај „позитивни промени“ за Меџити прашуваме дали претседавачот на Советот во Гостивар исто така, поради „експертиза“ или политички мораше да се вработи во терциерно здравство и планот е да се вработи преку Клиниката за токсикологија?

За овие и други конкретни примери постојано пристигнуваат информации по објавата на ВМРО-ДПМНЕ за напотизам и нерегуларни вработувања при кои инстантно се завршуваат процедурите за разлика од сите останати здравствени работници за кои се долги и комплексни, а посебно за тие што работат со договор на дело.
За оваа група вработени токму предизборно и манипулативно сега се ветува решавање на статусот иако седум години не им беа доволно да мрднат со прст.
Освен на погоре наведените Меџити треба да одговори и на други прашања како:

Прво, дали кога без срам го користат зборот „позитивни промени и реформи во здравството“ воопшто помислуваат и на најголемиот скандал во историјата на македонското здравство – случајот со злоупотребите на лекови на Онкологија кој уште нема завршеток?

Второ, дали таквиот континуитет во немањето одговорност по примерот на случајот со горењето на модуларната болница во Тетово, направена со изолација од пур пена, каде имаше 14 мртви пациенти и нула одговорност е исто „позитивен пример“ за владеењето и за четвртиот министер?

Трето, дали кога збори за континуитет и за позитивни примери Меџити мисли и на обидите на власта на СДС и ДУИ за приватизација на биохемиските лаборатории, за приватизација и концесија на Итна медицинска помош, дури и за ГОБ „8 Септември“, и сето тоа со една цел за лични потреби и лични профити?

Четврто, кога веќе зборуваат за лаги и манипулации да одговорат зошто се манипулира цели сеум години со ветувањето за укинувањето на организациските директори?

Петто, дали можеби за оваа власт позитивен пример се и наместените огласи за вработувања и тендери кои се почесто одговараат само на еден понудувач?
Време е да се стави крај на вакви скандалозни постапки од надлежните во здравството.

Во Македонија никогаш не било полошо! Важно е да ги поразиме!“

На почеток