Македонија

Грција ќе треба да даде „амин“ за да се пролонгира рокот за промена на на документите со „Северна“

Ќе се бара „амин“ од Грција да дозволи рокот за промена на личните документи да се пролонгира за неколку месеци, најави премиерот Димитар Ковачевски. Тој не ги коментираше редиците и чекањата со денови пред пунктовите за фотографирање за нови документи, на ниски температури. Укажа дека за пролонгирање на рокот за промена ќе се консултира со двајца министри, додека пак, претседателот Стево Пендаровски го упати да се јави кај грчката претседателка за да побара разбирање за ова прашање.

„Заради тоа што многу голем број на граѓани треба да го исполнат условот за промена, треба да се консултирам со двајца министри со кои разговарал претседателот. Верувам дека и тој може да се чуе со претседателката на Грција. Ќе поразговараме на седница на Влада за можноста ова да се направи. Претседателот Пендаровски најдобро знае, бидејќи тој беше координатор за НАТО кога се склучуваше договорот. Има опции како да се реши тоа“, рече Ковачевски.

Не е едноставно да се направат законски измени, оти договорот е меѓународен.

„Ова е обврска која произлегува потпишан меѓународен договор. Меѓународен договор кој овозможи да станеме членка на НАТО. Не можете да кажете дека Владата нешто направила, тоа се уставни измени менувани во Собранието. Владата може да направи олеснување на тој процес, МВР отвори поголем број на пунктови, определи поголем број на вработени кои работат. Треба очигледно уште повеќе. Еве да видиме дали можеме да направиме законски измени“, рече Ковачевски.

На почеток