Македонија

За 48 часа ќе се знае дали Беким Незири и тепачите од М-НАВ ќе оди во притвор

Фото Телма

Заради интерес на медиумите кои ја следат работата на судот Кривичен суд ја информриа јавноста:

„Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по жалба на Основното јавно обвинителство – Скопје против решенија на судии од претходна постапка од 05.01.2024 година, со кои на 4 лица им определи мерки на претпазливост, а поврзани со случувањата во М-НАВ, во текот на денешниот ден оформи предмет по добивање на одговор на жалба од одбраната.

Со оглед на барањето на странките во постапката, но пред се заради доследно почитување на Законските одредби, судот во рокот од 48 часа ќе донесе соодветна одлука за што ќе ги информира странките и јавноста.

Во однос на прашањата поврзани со други лица инволвирани во случајот, ја информирма јавноста дека до овој момент Јавниот обвинител до судот нема поднесено дополнително барање за определување мерки и за други инволвирани лица освен за четворицата кои веќе се под мерки за претпазливост“.

Со почит Основен кривичен суд Скопје.

На почеток