Свет

Руси гранатираа хотел во центарот на Харков, 11 повредени: маж во тешка состојба

Единаесет лица се повредени, од кои едно потешко, во руски ракетен напад врз хотел во центарот на Харков, изјави регионалниот началник Олег Синегубов.

Тој на апликацијата Телеграм напиша дека 35-годишен маж е во тешка состојба, а вкупно девет повредени се префрлени во медицински установи.

Меѓу повредените има и турски новинари, посочи Синегубов.

Фотографиите на социјалните мрежи покажуваат дека многу од прозорците на хотелот се скршени, а балконите се срушени.

Шефот на обвинителството во Харков, Олександр Филчаков, во видео објавено на Телеграм изјави дека 23 гости и осум членови на персоналот биле во хотелот кога руски проектили го погодиле објектот.

Градоначалникот на Харков Игор Терегов изјави дека се оштетени неколку куќи во областа, како и производствен погон и салон за автомобили.

Новинарите се сместени во хотелот, објави Ројтерс.

На почеток