Таткото и ги скршил черепот и ребрата на ќерката, девојчето имало и крварење на мозокот
![Avatar](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2021/09/xd-80x80.jpg)
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2023/10/eZy-Watermark_01-10-2023_05-25-33-1180PM.jpg)
Основното јавно обвинителство Кичево донесе Наредба за спрoведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Убиство предвидено во член 123 став 2 точка 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
„Осомничениот 29-годишник, на 18 декември, при вршење семејно насилство, ја лишил од живот сопствената ќерка родена 2022 година. Тој и нанел повеќе удари со раце и нозе, предизвикувајќи и тешки телесни повреди – скршена коска на черепот, крварење во мозокот и скршеници на две ребра. Од здобиените повреди детето починало на 8 јануари, во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје“, велат од Обвинителство
Јавниот обвинител до судијата на пртетходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2022/01/2222.png)