И натаму се бори за живот еден од повредените во пукањето во Тетово, групите имале нерешени проблеми
Од
Објавено на
Министерот за здравство, Фатмир Меџити, тврди дека вчерашното пукање во кругот на Клиничкиот центар во Тетово, нема поврзаност со здравството. Двете ранети лица и групата која пукала, случајно се нашле во гругит на болницата.
„Во Тетово две групи имале нерешени проблеми. Случајно биле во дворот на болницата. Како што знам двајцата се во Скопје префрлени, едниот во потешка, другиот во полесна состојба. На КАРИЛ се. Нема поврзаност со здравството“, вели Меџити.
Тој очекува МВР да го расчисти случајот.
Крвава пресметка и пукање во Тетово – две лица погодени од куршуми, едното во тешка состојба