Македонија

Во сообраќајка загина синот на експратеникот Крсто Муковски

Милан Мукоски, син на експратеникот Крсто Мукоски загина во сообраќајка која се случи вчеравечер, дознава „Скопје1“. Загинатиот имаше 20 години. Според, информациите кои ги имаме, несреќата се случила на патот кон Вевчани 1 часот по полноќ.

Синот на експратеникот управувал возило „ауди“, со кое излетал од патот. Починал на лице место, обидите за реанимација биле неуспешни.

Увид извршил јавен обвинител и полицајци од Струга.

Милан е најстариот син на пратеникот

На почеток