Македонија

Каде исчезнаа или се сокрија челниците на СДСМ

Една недела помина од парламентарните избори и катастрофалниот, до сега невиден пораз на СДСМ. Челниците и раководството, кои секојдневно „бимбардираа” со резултите, никаде ги нема и немаат јавен став за ништо, па дури ни за свечената изјава на Сиљановска Давкова и реакциите од меѓународната заедница.

До 8 мај имаше по неколку поста дневно, дел од нив и спонзорирани, а сега ништо. Освен ставовите на Битиќи, во кои пишува па се дообјаснува, Маричиќ до крај си ја работи функцијата со учество на разни меѓународни форуми. Не е јасно што како обврска може да преземе или вети, кога ги губи сите функции, а не влезе ни како пратеник.

Миле Зечевиќ, генералниот секретар на партијата и пеф на изборниот штаб, буквално исчезна, а наместо да организира Конгрес на оставки и комплетен рестарт на партијата, велат бил во САД кај син му.

Последната објава на Димитар Ковачевски на ФБ е од 9 мај во која пишува за успесите и постигнувањата:

„Во наредниот период детално ќе ги анализираме резултатите од изборите. Ќе направиме се што треба за да ја обновиме и да ја вратиме довербата на граѓаните што ја изгубивме” напиша Ковачевски. Ни збор за одговорност или оставка.

Оставка нема ни во вокабуларот на Оливер Спасовски. Последната објава му е од пред 5 дена:

„Како ваш претставник во македонското Собрание ќе се борам жестоко за Македонија да остане на вистинскиот пат и да не потклекнеме пред политики на режим”, напиша Спасовски.

Сања Лукаревска, вториот човек во СДСМ, напиша пост кој многумина го протолкуваа како оставка, но таа не ја потврди или дообјасни:

„На ред е нашата внатрепартиска средба со вистината. На отчетниот Конгрес на СДСМ неминовна e отворена, искрена и самокритична анализа на нашите погрешни чекори, на лошите кадровски решенија”, напиша Лукаревска.

Венко Филипче пред еден ден објави фотографии и текст од приемот кај амбасадорот Гир пи повод Денот на Европа. Пред 6 дена им честиташе на победниците и напиша дека СДСМ треба да помине низ длабока внатрешнс реформа и реорганизација.

Последна објава на ФБ од Јован Митрески, кој се уште ја врши функцијата прв човек на Парламентот е од 8 мај кога посакува демократски успешен изборен ден.

И Славјанка Петровска е актуелна министерка за одбрана.Таа има објави од гостување во ТВ емисија и тонски исечоци од кажаното во кое се осврнува на употребата на уставното име и настапот на новата претседателка:

„Мислам дека она што се случи во неделата при изговарањето на свечената заклетва, е дека политичарката/претседателката Силјановска го погази правникот”, напиша Петровска, изразувајќи загриженост зошто не кажала ништо за државните интереси.

Симпатизерите на СДСМ се разочарани од изборниот резултат за што вината ја лоцираат кај раководството. Бараат не само оставки туку од сите кои биле на функција а станале пратеници, да се откажат од пратеничките позиции.

На почеток