(Видео) Исус со крст од пивски гајби, директорот на М-НАВ, сатаната, продефилираа на Вевчански карневал
Со тапани, десетици маскирани жители и сатирични пораки – помина дефилето на маски на Вевчанскиот карневал. Дел од маскираните со солзи на очите беа додека поминуваа покрај посетителите, а по трагичната смрт на нивниот сограѓанин, 20-годишниот Милан Муковски, син на експратеникот Крсто Муковски.
View this post on Instagram
Меѓу маските, вевчанци го симболизираа Исус како влече крст од пивски гајби, новиот директор на М-НАВ со пиво во рака, како и традиционалните маски: зетот, невестата, ѓаволите и глупавиот Август . Најмладите носеа маски од суперхерои.
View this post on Instagram
Дефилето за разлика од минатите години, траеше кратко. Ја немаше вообичаената атмосфера, ниту пак расположението од минатите години. Кафулињата ја исклучија музиката, а сите жалеа за трагично згаснатиот живот.