Македонија

Се бара бомба во Народна банка – полицијата ја обиколи зградата

Анонимна дојава за поставена бомба во Народна банка ја подигна полицијата на нозе. Секторот за антитероризам на МВР веќе еден час ја пребарува зградата во која важат строги безбедносни протоколи.

Согласно протоколот за постапување, полициските службеници го блокираа пристапот до Народната банка, обиколувајќи ја зградата.

„Скопје1“ побара детали од МВР, каде е испратена дојавата и на кој начин, како и кој се јавил да пријави во полиција. Оттаму очекуваме одговори.

На почеток