(Видео) Еруптираше вулкан: илјадници луѓе евакуирани
На југозападниот дел на Исланд, во близина на градот Гриндавик, утринава започна нова вулканска ерупција, соопшти метеоролошката служба на таа земја.
Имаше пет вулкански ерупции на полуостровот Рејкјанес од 2021 година, објави исландскиот јавен сервис RUV.
Населението на Гриндавик од околу 4.000 луѓе претходно беше евакуирано поради значителна сеизмичка и магма активност, а цивилната одбрана го подигна нивото на опасност во областа на вонредна состојба.
🚨#BREAKING: Iceland Volcano has erupted for the Second Time now being extremely Dangerously Close to the town of Grindavík
Currently After powerful earthquake swarms shaking the country's southwestern Reykjanes Peninsula volcano has erupted for the… pic.twitter.com/anh2kp23I8
— R A W S A L E R T S (@rawsalerts) January 14, 2024
Во близина на Гриндавик има и туристичка атракција, геотермалната бања Blue Lagoon, каде што исто така беше евакуиран хотелот.
Последната ерупција на полуостровот Рејкјанес започна на 18 декември минатата година во вулканскиот систем Сварценги, по целосната евакуација на Гриндавик и затворањето на Сината лагуна, наведува Ројтерс.
Гриндавик беше поштеден од штета за време на последната ерупција во декември, бидејќи лавата течеше во друга насока, заобиколувајќи го градот.