Почитувани корисници на јавниот превоз,
Ве информираме дека од утринава поради вонреден технички преглед на дел од возилата вклучени во јавниот превоз има одредени застои, доцнења на линиите 9, 19, 20 и 22.
Генерално, посочените линии ги опслужуваат приватните превозници.
Поточно, на линијата 20 возат само автобуси на приватните превозници, а линиите 9, 19 и 22 комбинирано ги опслужуваат возила на ЈСП Скопје и приватните превозници.
Возилата на ЈСП Скопје непречено ги реализираат утврдените термини од возниот ред (по три возила сообраќаат на линиите 9 и 22 и две возила на линијата 19), односно на нив не се врши вонреден технички преглед.