Скопје

Пронајдено безживотно машко тело, неофицијално станува збор за 35-годишниот Горан Атанасовски

Пронајдено Безживотно тело во Нерези на патот кон вила „Меранда“, потврдуваат од МВР. Телото било пронајдено денеска околу 13 часот. Телото било во бездна, а на патот било оставено возилото марка „поло“.

Наофицијално станува збор за 35-годишниот Горан Атанасовски, кој вчера беше пријавен за исчезнат од страна на неговото семејство.

Инаку утрово по соцјалните мрежи се вртеше веста дека е исчезнат Горан Атанасовски. Последните информации на семејството биле дека тој бил виден кај трговскиот центар „Беверли“, од каде заминал со сиво металик „фолксваген поло“.

Безживотното тело е предадено на Судска медицина, каде што ќе се изврши обдукција.

На почеток