Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, Владо Мисајловски, Игор Јанушев и Јохан Трчуловски обезбедувањето од болницата „8-ми септември“, ги спречи да го посетат Миле Јанакиевски кој денеска беше претепан во затворот во Шутка.
Обезбедувањето потенцира дека на Јанакиески му е изречен 30 дневен притвор и дека поради тоа никој не смее да го посетува.
На ова претседателот на ВМРО ДПМНЕ им порача:
„Да не ја правиме голема“.
Тензичната атмофера ја прекина болничкиот персонал, кој на лидерот на опозицијата му рече да остане, а сите останати да го напуштат објектот.