Свет

Два руски авиони соборени над Азовското Море, Украина се радува: „Извршивме совршена операција“

Украина денеска соопшти дека соборила руски шпионски авион А-50 и команден авион Ил-22 над Азовското Море.

Началникот на украинската војска Валериј Залужњи на Телеграм напиша дека украинските воздухопловни сили уништиле руски авион за откривање радар со долг дострел А-50 и авион за контрола на воздушниот простор Ил-22.

Залужни ги пофали украинските сили за, како што рече, „совршено планирана и извршена операција во регионот на Азовското Море“, објави Ројтерс.

На почеток