Македонија

Десна на Палчо продолжува со претседател: осомничениот за убиството на Вања сменет, на другите им е замрзнато членството

Љупчо Палевски-Палчо осомничен за организирање и извршување на двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски е сменет од претседателската функција во „Десна“. На негово место е избран Тони Алексовски.

На членовите на Десна кои се исто така осомничени во случајот за двојното убиство им е замрзнато членството.

Партијата ќе продолжи да функцонира. Надлежно да побара дерегистрација е Обвинителството. За ова пак, треба да се исполнат услови – партијата повикува на насилно уривање на уставниот поредок, поттикнува или повикува на воена агресија или разгорува национална, расна или верска омраза, треба да има кривична постапка која доколку обезбеди докази тогаш би почнала постапката за забрана и гаснење на партијата, пред граѓанскиот суд.

To Top