Свет

(Видео) Протест во Белград на шестата годишнина од убиството на Оливер Ивановиќ

Foto: Filip Krainčanić/Nova.rs

На шестата годишнина од атентатот на политичарот Оливер Ивановиќ во Белград вечерва се одржува протест организиран од опозицијата против изборната кражба во Србија.

ВКЛУЧУВАЊЕТО ВО ЖИВО [тука]

Граѓаните се собираат пред Републичката изборна комисија а протестот ќе заврши во црквата „Свети Марко“, каде ќе бидат запалени свеќи како сеќавање на Ивановиќ.

Во Косовска Митровица пред шест години на денешен ден беше убиен лидерот на ГИ СДП, Оливер Ивановиќ.Убиството се уште не е расчистено.

Пријателите и другарите на Оливер Ивановиќ запалија свеќи на местото на атентатот во 08:15 часот, кога беше убиен Ивановиќ.

Во Косовска Митровица беа и претставници на коалицијата „Србија против насилство“.

На почеток