Свет

Нов хаос во Јапонија: Авиони со стотици патници се судрија на аеродром, еден се подготвуваше да полета

Два патнички авиони се судрија на јапонски аеродром, неколку недели откако патнички авион се судри со авион на крајбрежната стража, при што загинаа неколку луѓе.

Официјален претставник на „Корејски ер“ изјави дека авион на Korean Air бил удрен од авион на Катај Пацифик ервејс на аеродромот Њу Читозе на северниот јапонски остров Хокаидо во вторникот.

Несреќата се случила кога авионот на Korean Air се подготвувал да полета, изјави претставник на авиокомпанијата.

Засега нема извештаи за повредени.

На почеток