Македонија

Неексплодирана граната најдена во околина на Битола

Артилериска граната, калибар 75 mm, од Првата Светска Војна (НУС – неексплодирано експлозивно средство) лоцирана во атарот на с. Добромири, тим од ДЗС – Битола вчера во 12.40 часот безбедно ја отстранил, известува Регионалниот ЦУК Битола.

„Во овој период се пронајдени такви неексплодирани експлозивни средства во повеќе случаи. Затоа се препорачува внимателно и при зимските прошетки, а и при градежни работи, на пример, копање темели и слично во реон на Македонскиот фронт, што е именуван и како Солунски – генерално во појасна линија на Битолско и Дојранско до јужната државна граница.

Ако се пронајде неексплодирано експлозивно средство од минатите војни, не треба се помрднува од местото на наоѓање, се оддалечува од него на безбедно место и треба веднаш да се пријави на 112 во ЦУК за неговата локација, по што координирано со надлежните институции од Системот за управување со кризи безбедно ќе се отстрани или уништи“, велат од ЦУК.

На почеток