СДС и ДУИ уплатија 200 милиони евра за изградба на коридорите 8 и 10, а на терен една лопата не е фрлена, алармира ВМРО-ДПМНЕ
![Avatar](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2021/09/xd-80x80.jpg)
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2023/05/Grubi-1-1536x864-1-585x329-1.jpg)
„182 ден од 2023 година, над 200 милиони евра се префрлени на изведувачот на коридорите 8 и 10, без да биде почната некаква работа на терен“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:
„8 месеци откако власта официјално ја отпочна изградбата на коридорите 8 и 10, на терен нема ништо, и таблата која ја поставија веќе избледе.
200 милиони евра се уплатени однапред, а на терен не само што нема отпочнато изградба, туку нема ни експропријација, ниту пак проект, народски кажано една лопата не е фрлена, а 200 милиони веќе 8-ми месец се на сметката на изведувачот.
Власта спроведе криминогена постапка, уште со надзорот, кој наместо реномирана фирма од областа на градежништвото е фабрика за долен веш.
Со влада како СДС и ДУИ коридорите 8 и 10 никогаш не би биле довршени. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме“.
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2022/01/2222.png)