Македонија

Случајот на Дрин Ахмети е при крај: повикан e на распит во Обвинителство – вечштачењето на 749 парчиња пиротехника е готово

Завршено е вештачењето на пронајдената пиротехника кај бизнисменот Дрин Ахмети, кој е внук на Али Ахмети и тазе газда на „Соравија“, дознава „Скопје1“. Наодот го работеше Министерството за внатрешни работи, а што е констатирано кај 749 пиротехнички средства, не се открива. Од Обвинителството посочуваат дека го добиле вештачењето. На распит, ќе биде повикан и Ахмети.

„Надлежниот јавен обвинител презема други дејствија, прибира вербални и материјални докази во поглед на набавката на пиротехнички средства. Закажан е и распит на пријавеното лице, по што ќе биде донесена јавнообвинителска одлука“, велат од Обвинителството за „Скопје1“.

Дрин Ахмети, пак, е убеден во својата невиност и за „Скопје1“, на почетокот од јануари најави дека тоа ќе го докаже. Тој не смета дека сторил кривично дело, па затоа ќе бие правна битка.

„Во овој момент, нема да коментирам детали бидејќи во тек е истрага и постапка, а мојот правен тим работи на тоа. Можам да го кажам само ова, пиротехниката беше купена легално, а сите други подароци во автомобилот беа за моите внуки и внуци“, вели Дрин Ахмети за „Скопје1“.

Скопје1“ ги проверуваше пресудите донесени од Кривичниот суд, а кои се однесуваат на лица кои поседувале пиротехнички средства. Од нив може да се утврди дека држењето на пиротехнички средства претставува кривично дело, односно дека Обвинителството поднесувало обвиненија. Граѓани кои биле затекнати со петарди и огномети, одговарале по членот 396 став 4 во кој стои: „Ако предмет на делото од ставот на овој член е поголемо количество на распрскувачки материи наменети за дозволени забавни, свeчени и други активности, сторителот ќе се казни со парична казна или со затвор до три години“.

Дрин Ахмети беше запрен од полиција на ул „Самуилова“ (Пластичарска) во Скопје. Возел „ренџ ровер“ со албански регистрации. Беше спроведен во станица, а таму се правеше и увид во возилото.

На почеток