Македонија

Пецаков: Со одлука на совет и јавен повик е направена исплата, за невистините овојпат ќе има одговорност – до сега ви простував

Јасна ми е коалицијата, а богами и добар ви е патот, им порача охридскиот градоначалник Кирил Пецаков на Левица и СДСМ, кои во ист ден одржаа пресови на иста тема, а на социјалните мрежи, им порачаа: „Барем да ги одржевте во иста сала, да не трошевте струја“. За клубот „ГРК Охрид“ кој доби пари од Општина Охрид кажа дека е спортска гордост на градот.

„Јас сум го основал клубот во 2011г.и сум бил капитен на клубот се до 2016 година. Во 2013 со основачки влог од 25 000 € на општина Охрид се основа Акционерско Друштво РК ОХРИД 2013, кое понатаму во 2017 година се преименува во ГРК ОХРИД и така е до ден денес… Откако е Акционерско друштво од 2013 не членувам, ниту сум бил на било која извршна или не извршна позиција во АД-то и дополнително од 2013 година па на вака, главен финансиер на ГРК ОХРИД е општина Охрид и така и ќе останит, со одлука на совет и врз основа на јавен повик на доделувања на средства на СИТЕ спортски клубови на територија на општина Охрид“, вели Пецаков.

Тој додава дека Охрид е една од најпосветените општени кога во прашање е токму спортот.

„Општина Охрид врз основа на доделените средства во спортот и спортските екипи со гордост кажувам е една од најпосветените општини и токму затоа имаме успешни спортски екипи од градот, а нажалост ваша и на сдсм и на левица, а богами и на Филипчо , ќе продолжам уште попосветено и за подобри и повисоки резултати и успешни спортски приказни‼️ Ги повикувам исто како вас и јас институциите да проверат за било каква злоупотреба, не за друго, за конечно после тоа да имат одговорност за тежината на секој даден збор и исказ, ама овај пат не отстапувам од барање одговорност за одржаните пресови и реакции. Досега се ви опростив и сите невистини“, додаде Пецаков

Охридскиот градоначалник им порача на двете партии: „Крајот ви се ближит, ама крај на глупостите ваши нема за жал‼️ Се гледаме утре во 12 часот на прес за работи, за проекти и за она како ние знаеме да работиме и како треба да одиме напред!!“

Ставот на Пецаков доаѓа откако на негова сметка дојдоа обвинувања од Левица и СДСМ дека незаконски дал пари на клуб каде тој е дел од сопствениците.

На почеток