Очекуван епилог: Беса Адеми „го победи“ Миљазим Мустафа – останува претседателка на Врховен
Беса Адеми останува претседателка на Врховен суд, како што најави „Скопје1“ во текот на вчерашниот ден. Со 7 гласови за отфрлање и 4 гласа за разрешување на Адеми, членовите на Судски совет одлучија да не ја прифатат иницијативата за нејзина одговорност.
Дискусијата траеше долго и имаше замерки оти Адеми не доаѓа на седници, но повеќето членови сметаа дека тоа не е причина за таа да понесе одговорност.
Дисциплинска одговорност бараше членот на Советот, Миљазим Мустафа, со тврдење дека Адеми не доаѓала на седници и не го правдала своето отсуство, но и бидејќи дала интервју во кое кажала дека има политички притисоци, а одбивала да разговара за тоа со Судскиот совет.