Загина 25-годишен скопјанец зад Универзална – со повреди однесен во болница, по што набргу починал
Од
Објавено на
Денеска (17.01.2024) во 09.15 часот во СВР Скопје, од Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен И.С.(25) од с.Сингелиќ, скопско, кој набргу починал.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување работни задачи за приватна фирма, на објект во изградба на подрачјето на Центар.
Увид е извршен, а известени се трудова инспекција и јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено за обдукција.