(Фото) Каде исчезна Зечевиќ од официјалните фотографии на конвенцијата на Данела


Партијата „Нова Алтернатива“ чиј новоназначен претседател е Данела Арсовска, почна и комуникација со медиумите. По поканата, денеска е испратен говорот на Арсовска, во кој таа кажува како ќе се бори за правда, најавува дека ќе ја лечи Македонија, но и дека ќе го менува Кривичниот законик. Во прилог беа испратени и фотографии, но на нив, ги немаше гостите кои привлекоа најмногу внимание – генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ и Драги Митковски познат како Драги Книга кој се поврзуваше со Никола Груевски.
Од осум фотографии, седум се со фокус на Арсовска.
На една и како разговара со гостин на конвенцијата каде таа доби партија.
На друга застаната на говорница.
Па седната на маса.
Од првите редови каде беа „важните“ гости, фотографии за медиумите – нема.
